| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската НБА ѕвезда Датоме блеска на теренот, нашиот Антиќ од трибините ги бодри македонските кошаркари

Италијанската НБА ѕвезда Луиџи Датоме блеска против Македонија на пријателскиот меч во Скопје што е во тек и со 17 поени и 5 погодени тројки е најдобар на теренот, а нашиот единствен играч во најсилната професдионална лига Перо Антиќ ги бодри од трибините македонските кошаркари.

Антиќ ќеја игра втората сезона за Атланта хоукс, а се откажа од настапите за Македонија, додека Датоме настапува за Детроит пистонс.

Италија има двоцифрена предност од 12 поени, 59-45, пред стартот на последниот период и се наѕира првиот пораз на Македонија, во петтиот меч откако селектор ни е Александар Џикиќ. На турнирот покрај Италија и Македонија играат и Црна Гора и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top