Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ беше промовиран на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, како нов член на Атлетико, но целата церемонија имаше малку и непријатен тек, бидејќи навивачите често го скандираа имети на нивниот љубимец Фернандо Торес.
„Ел Нињо“ како што е прекарот на Торес често се слушаше од трибините, но и Манџукиќ не се збуни и постојано со насмевка им возвраќаше на популарните „јорганџии“.
Манџукиќ дојде во Мадрид од редовите на ланскиот европски првак Баерн, а постои варијанта да се приклучи и Торес, кој е член на Челси. Популарниот „Ел Нињо“ играше одлично за Атлетико во периодот од 2001 до 2007 година и на 244 натпревари постигна 91 погодок. Потоа замина за Ливерпул и оттаму за Лондон во редовите на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


