Во Лозово вчера се случила железничка несреќа, кога воз удрил во автомобил. Како што пипува Утрински весник, околу 17 часот возот кој сообраќал на релацијата од Велес за Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин во населбата, при што едно од лицата кои биле во автомобилот со повреди било веднаш пренесено во болница.
– Возот долго свиреше, што ме зачуди па почна да кочи. Видов низ прозорот кога го удри автомобилот марка голф со сина боја. Среќна околност е што возот не возеше брзо, оти тука беше железничка постојка и сопираше, за патниците. Од колата излегоа две лица, разбравме биле татко и син. Детето беше повредено и го однесоа веднаш во болница – вели патник од возот за Утрински.
Повредениот патник има 15 години. Тој бил третиран и минал само со неколку полесни повреди нагмечувања и посекотини, па по барање на родителот бил пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун



