| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Добра вест, нова италијанска инвестиција

gruevskiДобра вест. Нова италијанска инвестиција, мултинационална компанија од машинскиот сектор, повеќе од 10 милиони евра инвестиција и нови вработувања, објави премиерот Никола Груевски на својата фан страница на „Фејсбук“.
Наскоро се очекуваат повеќе детали за инвестицијата.

Во вторникот италијанска интернационална компанија, која произведува компоненти за бојлери, престојуваше во Македонија каде што ги разгледуваше можностите за инвестирање во земјава. Тие ги посетија градовите Кочани, Велес, Штип, Прилеп, Неготино и Кавадарци како можни локации за инвестирање.
– Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис-клима во Македонија. Со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна високоразвиена технологија и роботика – посочија тогаш од кабинетот на министерот Наумоф.
Сѐ уште нема информации дали се работи за фирмата која произведува бојлери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top