Ансамблот на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе добие засилување. Пет нови вработувања на млади актери се очекуваат во велешкиот театар. Во моментов се чека министерството за финансии да даде согласност за новите вработувања и откако ќе поминат сите процедури, се очекува обновената театарска екипа да настапи на отворањето на новата театарска зграда.
„Една нова, млада и талентирана сила во нашиот тетар која имавте можност веќе да ја гледате во неколку претстави. Се надевам дека оваа креативна и моќна енергија ќе донесе многу убав момент на самото отворање на театарот, вели Јордан Витанов, директор на Велешкиот театар.
Инаку најверојатно четири од петте вработувања ќе бидат од редовите на актерите кои велешката публика имаше можност да ги види во неколку претстави, а тие се при крај со студиите на академијата во Скопје. Петото пак е резервирано за млада актерка која не е од градов. Инаку моментално во велешкиот театар работат 11 актери кои често на сцена се засилени со гости од други театарски куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.