
Француската единици составена од стотина војници, која изутринава тргна од градот Гао кон местото каде што беа лоцирани остатоците од авионот на „Свифтер“ изнајмен од „Ер Алжир“, пристигна на самото место, пренесува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на француски извори.
Веднаш по одржувањето на кризниот состанок во Елисејската палата, претседателот Франсоа Оланд изјави „За жал, нема ниту еден преживеан“ од 116 патници и членови на екипажот, меѓу кои 51 француски државјани.
Француските војници се наоѓаат на теренот за да го обезбедат местото на несреќата. Иако засега се непознати причините за падот на авионот, изутринава министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев како една од можните главни причини ги наведе климатските услови.
– Авионот е уништен во моментот на падот, изјави за РТЛ францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Несреќата најверојатно се случила поради лошите временски услови – рече тој, додавајќи оти во овој момент ниту една теорија не може да се исклучи.
Во исто време, францускиот министер за сообраќај Фредерик Кувилије наведе дека силниот мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и фактот дека остатоците од авионот се на релативно мало подрачје укажува дека причина за несреќата се лошите временски услови или техничките проблеми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


