| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард со понуда од соништата останува во Ливерпул

Стивен Џерард ќе остане во Ливерпул до крајот на кариерата, откако доби одлични услови за продолжување на договорот на уште три години со неделна плата од 150 илјади фунти.

Англичаните си ги ценат своите играчи, особено фудбалските икони од калибарот на Џерард, а понудата е вистински раритет. Популарниот Стиви Џи има 34 години и понуда што е реткост за играчи на таа возраст. Џерард е дете на Ливерпул, ги мина сите младински категории и цели 16 сезони игра како сениор за Ливерпул.

Авантурата ќе продолжи и следните 3 години, а се очекува потоа Стивен да добие некоја од клучните функции во клубот од „Енфилд роуд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top