Во првиот натпревар од северноамериканската турнеја тимот на Филипо Инзаги, Милан, беше декласиран од Олимпијакос со 0-3.
Ибраниците на новиот тренер не покажаа ништо на теренот и не беа ниту бледа сенка на славниот Милан од минатите 20 години.
Грчкиот гигант доминираше во текот на целиот натпревар и со головите на Домингез, Дијмантакос и Бухалакис го понижи противникот.
Фудбалерите на Милан истрчаа на теренот по само 30 саати од долгиот пат кој го имаа до Торонто.
– Бевме свесни за ризикот кој го прифативме да играме натпревар по само еден ден од долгото и тешко патување во Торонто без да одржиме вистински тренинг. Во следните неколку натпревари ќе докажеме дека Милан подобар тим отколку тоа што го прикажавме вечерва – изјави тре нерот на Милан Филипо Инзаги.
#ICC2014 | AC Milan VS Olympiacos Goals | اهداف… by HawssaCC
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



