| четврток, 6 декември 2018 |

Романци во знак на протест изградија мост од пластични шишиња

most

Жители на западнороманскиот град Темишвар изградија мост од десетици илјади пластични шишиња во знак на протест против загадувањето на животната средина со овој вид отпад.

Оваа подвижна колоритна платформа со должина од 23 метри е направена од 157.000 пластични шишиња и според иницијаторот на проектот, претставува најголемата ваква конструкција во светот.

Мостот ќе им овозможи на пешаците да минуват преку канал во центарот на градот.

1406131590-the-biggest-plastic-bottle-bridge-in-the-world_5344932

Експертите од Гинисовата книга на рекорди подоцна треба да одлучат дали станува збор за светски рекорд од ваков вид.

– Со овој светски рекорд ние сакаме да привлечеме внимание кон огромните количества на пластичен отпад што завршуваат во морињата и реките низ целиот свет, посочи Раду Русу, еден од членовите на еколошката организација иницијатор на проектот. – Овие шишиња не и припаѓаат на водата, додаде тој.

Според Европската комисија, секоја година во океаните и морињата завршуваат околу 10 милиони тони отпад, главно пластика, претворајќи ги водените површини во огромни депонии.

Шишињата искористени за изградба на мостот биле собран во период од два месеци, а потоа за еден месец 500 волонтери ги споиле со жица и го направиле мостот. На мостот, кој ќе стои две недели, ќе се одржуваат и концерти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top