Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез, кој летово потпиша за каталонскиот гигант Барселона, ќе може да игра за својот нов клуб од првото коло.
Суарез е казнет со четири месеци неиграње за клубот и со девет меча суспензија за уругвајската репрезентација поради добропознатиот инцидент од Светското првенство кога го гризна италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини.
Според познатиот фудбалски портал „Гол“, поднесената жалба од адвокатскиот тим на Суарез ќе биде усвоена и тој ќе има право на настап за Барселона уште во првото коло во Примера дивизион.
Одлуката на ФИФА за забрана за настап од девет натпревари за уругвајската репрезентација ќе биде потврдена.
Ако спортскиот арбитражен суд во Лозана донесе ваква одлука, Барселона ќе може да настапи со најсилниот состав во првото коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)