Во премиерниот меч на Луј ван Гал на кормилото на „црвените ѓаволи“, неговите избраници го декласираа тимот од МЛС лигата, ЛА Галакси, со 7-0.
Манчестер јунајтед го освои купот Шевролет играјќи го натпреварот во Пасадена пред 86 илјади гледачи. Ван Гал ја постави играта во формација 3-4-3 и така играше до крајот на натпреварот. Тој на полувреме направи дури девет измени.
Вејн Руни, Ешли Јанг и Рис Џејмс стрелаа по двапати додека еднаш во листата на стрелци се запиша Дани Велбек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.