Силни врнежи од дожд денеска повторно паѓаа во неколку градови во Србија, а најпогодени беа Бор и Ваљево, каде нивото на водата достигна и до половина метар, пренесува српски „Блиц“.
Невремето кое го зафати Ваљево денеска околу 16 часот предизвика река која течеше низ улиците во центарот на градот. На поедини места водата достигнала и повеќе од половина метар.
Околу пладне дождот го зафати и градот Бор. Водата ги поплавила просториите на Радио-телевизијата Бор и дописничкото место на РТС, како и бројни приземни делови, гаражи и локали.
Од некои паркирани возила во центарот на градот се гледале само крововите, а дождот паѓал неполн саат.
Екипоте на комуналните претпријатија веднаш биле ангажирани за да животот во градот би се нормализира што е можно побрзо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


