| четврток, 6 декември 2018 |

НОВИ ДЕТАЛИ: Според прошталното писмо, ја убил бидејќи одбила брак

Одбинета понуда за брак 34-годишната Наташа ја плати со смрт, а поради тоа настрада и нејзината помлада сестра, 31-годишната Билјана, потврдиле блиски пријателки на жртвите за „Сител“ телевизија.

Наташа била скоро една година во всрка со убиецот Игор, кој по одбиената понуда за брак, скоро две седмици и се заканувал на Наташа дека ќе ја убие прво неа, а потоа и себе-ако не се согласи да се омажи со него.

Поради неодамнешниот развод и стравот дека децата нема да го прифатат Игор, Наташа ја одбила понудата за брак, по што со нејзината сестра вчера планирале да заминат на одмор.

Игор помислил дека таа заминува и отишол во нејзиниот стан, каде вратата ја отворила нејзината сестра, која била првата жртва во двојното убиство. По неа, Игор ги исполнил заканите – ја убил Наташа, па самиот си пресудил.

Тој оставил и проштално писмо во неговиот автомобил, во кое на најблиските и семејството им ги напишал причините поради кои решил да ја убие Наташа и да си го одземе животот.

Како што соопшти „Сител“ телевизија во автомобилот имало и сума од околу 500 евра, кои Игор ги оставил за неговиот погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top