Кабинетот на Груевски денеска распиша јавен оглас за пополнување на една од најстратешките дипломатски позиции во Европа – амбасадорското место во Берлин.
Заинтересираните кандидати покрај завршено високо образование, треба да поседуваат меѓународно признат сертификат зап ознавање англиски јазик и соодветен сертификат за владеење на германскиот јазик. Идниот амбасадор, треба да има стекнато високо дипломатско звање доколку доаѓа од редовите на дипломатско-конзуларните службеници или, пак, да биде високо афирмирана личност во надворешната политика и меѓународните односи.
Огласот ќе трае до 10 август, а заинтересираните можат да се пријават на владиниот веб сајт. На ваков начин, владата веќе ги селектира најдобрите кандидати за повеќе амбасадорски места и воени аташеа низ светот.
– За амбасдорските места за кои веќе е распишан оглас, интересот е навистина голем. Во тек е евалуација на кандидатите и интервјуа со секој од нив, така што набрзо, очекуваме најдобрите кадри да бидат назначени за амбасадорските позиции – вели Александар Георгиев, портапрол на македонската Влада.
Најголем интерес има за амбасадорското место во Канада каде изборот се прави меѓу 75 кандидати. Многу заинтересирани и за амбасадорската поизција во Бугарија, каде на огласот се пријавиле 72 кандидати. 58 лица сакаат да бидат амбасадор во Белгија, а меѓу 40 и 50 кандидати има за амбасадите во Турција, Русија, Белгија, Бразил и Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин


