| четврток, 6 декември 2018 |

Раскинувањето е причината за двојното убиство во Аеродром

ubistvo-aerodrom-9

Обидот на Наташа да ја прекине врската со Игор е причина за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Аеродром, раскажува пријателка на убиената девојка за Канал 5.

Според неа, убиената Наташа од Аеродром била во љубовна врска со убиецот Игор Спасовски- Боксач од пред Нова година, кога се запознале во дискотека во која тој работел како обезбедување. Но, пред една недела таа ја прекинала врската, а Игор не можел да се помири со тоа. Игор бил многу заљубен во Наташа и никогаш не бил агресивен кон неа претходно, а не пиел ни алкохол. Според пријателката, Наташа не требало да оди во Грција на одмор туку во Ресен.

Билјана утрото дошла на гости кај сестра си за да се поздрават бидејќи вечерта Наташа и децата требало да заминат на пат. Игор заѕвонил, а вратата ја отворила Билјана, која во тој момент се спремала да си оди. Тогаш меѓу нив настанала расправија бидејќи сестрите не сакале да го пуштат да влезе во станот каде што во моментот биле и двете деца – ќерката и синот.

Игор ја турнал Билјана и влегол во ходникот. Го извадил пиштолот и почнал да и се заканува на Наташа да не оди на одмор. Потоа го вперил пиштолот во Наташа и испукал неколку куршуми, по што пукал во нејзината сестра Билјана.

Убиството се случило пред очите на двете деца. Откако ги убил сестрите, Игор се самоубил. Деветгодишното дете почнало да вика помош. Лелеците на децата, но и пукотниците ги чуле соседите, кои веднаш истрчале надвор и повикале полиција.

– Братучед ми живее во тој влез. Откако ја видов полицијата, се исплашив. Полицајците ми кажаа дека маж застрелал две жени, а потоа сам се самоубил. Потоа разбрав дека убиените биле сестри – изјавила жена за Дневник, која живее во соседната зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top