Продолжува турнејата на финалистките на изборот за Мис на Македонија 2014, чија победничка ќе не претставува на „Мис глоуб“.
По Струмица и Куманово минатиот викенд, финалистките веќе вечерва ќе се претстават во клубот „Инвино“ во Скопје, а утре на базенот Амфора во Прилеп. Во петок караванот на убавиците продолжува во дискотека „Баракуда“ во Виница, во сабота во клубот „Имиџ“ во Кичево и во недела во клубот „Рома“ во Кавадарци.
Турнејата ќе ги опфати сите поголеми градови во државата, сѐ до големото финале кое ќе се одрзи на 23 август во хотелот „Романтик“ во Дојран.
Вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис глоуб 2014“, а придружничките на други интернационални избори за убавина за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


