| четврток, 6 декември 2018 |

Љубов кон животните: Марија од Аеродром шета кучиња и им помага на бездомните животни

марија

Марија Митровска има 12 години и можеби е најмладиот активист за правата на животните во Скопје, пишува petsportal.mk.

Таа живее во скопската населба Аеродром и од септември ќе биде седмо одделение во основното училиште „Љубен Лапе“. Марија е голем љубител на животни. Членка е на здружението за заштита на животни „Анима мунди“ и присуствува на сите нивни трибини и настани за вдомување животни.

Како човек што поголемиот дел од времето го минува со животни, таа вели дека има многу жални, но и интересни случки. Како најубава ја издвојува приказната кога нејзината кучка Моли ѝ го спасила животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top