Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ лансираше информација дека поранешниот тренер на Јувентус Антонио Конте ќе го преземе ПСЖ.
Весникот тврди дека се е договорено и дека Конте уште утре ќе биде промовиран во нов тренер на „светците“.
Лоран Блан актуелниот тренер на парижаните ја освои титулата минатата сезона, но изгуби од Челси четвртфиналето во Лигата на шампионите откако сите беа убедени дека ќе се пласира во полуфиналето по одличниот резултат од 3-1 на Паркот на принцовите.
Газдите на ПСЖ богатите шеици, сакаа да го сменат од клупата веднаш по елиминацијата, но тој за некое чудо остана на тренерското место до крајот на сезоната.
Претседателот на клубот Ал Келаифи веднаш реагирал и за многу кратко време се договорил со Конте откако овој поднесе зачудувачка оставка во Јувентус по поминати три години и освоени три шампионати на Италија.
Конте во ПСЖ ќе ги има играчите кои сакаше да ги доведе во Јувентус, но тие решија да останат во Париз и сега без проблем може да работи со Ибрахимовиќ, Кавани, Верати, Тијаго Силва, Давид Луиз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.