| четврток, 6 декември 2018 |

Пијаното од „Казабланка“ на аукција во ноември

piano-casablanca-subasta--644x362

Легендарното пијанино од филмот „Казабланка” ќе биде понудено на аукција во ноември во Њујорк, објави аукциската куќа “Бонхемс”.
Пијаниното каде што актерот и пејач Дули Вилсон ја отсвири песната “As Time Goes By” ќе биде најатрактивен предмет понуден на продажбата, која ја организираат „Бонхемс” и „Тарнер Класик Мувис” (TCM) на 24 ноември во Њујорк.

Песната “As Time Goes By” беше песна на љубовната двојка што ја глумеле Хемфри Богарт и Ингрид Бергман.
Инструментот од локалот во “Казабланка” кој беше во сопственост на Рик, кој го глумеше Богарт, се очекува да достигне седмоцифрена сума на аукцијата.
Второто пијанино, користено во филмот во сцените на потсетување на главните ликови на заедичките моменти во Париз е продаден во 2012 година за околу шесто илјади долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top