Американски разузнавачи соопштија дека немаат докази за директна вмешаност на руската влада во соборувањето на малезискиот патнички авион на истокот на Украина.
Разузнавачите кои сакале да останат анонимни, рекле дека авионот најверојатно е соборен со ракета земја-воздух „СА-11“ која била истрелана од проруските сепаратисти во Украина а Русија „создала услови“ за соборување на авиони со вооружување на бунтовниците. Висок разузнаач рекол дека авионот најверојатно е соборен по грешка.
Претходно, Стејт департментот најави дека ќе објави разузнавачки информации кои ги поткрепуваат тврдењата на Вашингтон дека авионот во четвртокот е соборен со ракета истрелана од делот на територијата на Украина под контрола на проруските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.