Белорускиот првак Бате Борисов се извлече на гостувањето во Корча против албанскиот првак Скендербег и со реми, 1-1, се пласираше во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Олехнович во 29 минута го постигна посакуваниот погодок за Белорусите, а во следните 60-на минути играчите на Скендербег имаа тешка мисија да постигна барем два гола, а да не примат ниту еден. Радаш во 67. минута израмни на 1-1, резултат што остана до крајот на реваншот во Албанија, а исходот му одговараше на составот од Белорусија.
Првиот меч заврши истотака нерешено, но без голови, па Бате Борисов благодарение на голот постигнат на гости оди понатаму.
Во третото коло на убедлив начин се пласираа и Шериф, Лудогорец, Спарта Прага, Карабах, Макаби Тел Авив, Слован Братислава, Партизаљн, Динамо Загреб, Дебрецин и Селтик.
Утре во Финска македонскиот првак Работнички ќе го игра реваншот против ХЈК Хелсинки, а првиот меч заврши нерешено, 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


