| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Трик на Заев за да избегне одговорност – наместо за катастрофалниот пораз, се збори за враќање во Собрание

stevce-jakimovskiВраќањето на СДСМ во парламентот е прашање на недели или месеци, вели во интервју за Алфа, лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Одлуката да се бојкотира Парламентот е повеќе за внатрешна отколку за надворешна употреба. Никој веќе не зборува за страшниот пораз на СДСМ и за освоените над 280 000 гласови туку сите зборуваат за тоа кога СДСМ ќе се врати во собранието. Мислам дека со тоа направија добар трик. За надворешна употреба овој потег прави само штета за државата, но не и ќар за СДСМ. Сметам дека тие тоа наскоро ќе го увидат и дека немат друг избор освен да се вратат во парламентот. Според мене тоа е прашање на месеци или недели. Во спротивно остануваат надвор од игра. Тоа е опасно за нив како политичка партија. Се купува време за да се биде актуелен во јавноста. Заев и Шекеринска нема да можат долго време да останат на оваа одлука која никој не ја одобрува. Се поголем број од пратениците ќе ја сфатат безцелноста и еден по еден ќе се вратат во Собранието. Потоа само ќе се бара изговор за враќање на СДСМ. Што се однесува до барањето за формирање техничка влада, има една српска изрека “што се баби хтило, то јој се и снило”. Македонија не се наоѓа во институционална криза или во воена состојба за да има потреба од техничка влада. Институциите функционираат нормално. Згора на се СДСМ немаше никакви забелешки за изборниот процес туку во 19:00 часот на денот на изборите на прес – конференција изјавија дека не ги признаваат резултатите од изборите. Дури и да им дадат техничка влада или влада која би ја раководел Заев, повторно ќе изгубат на избори- вели Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top