| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судењето на демонстрантите за „Монструм“ – Полициски службеници ги препознаваа демонстрантите

Судењето на осумтемина демонстранти кои се сомничат за насилно однесување во протестите против пресудата во случајот „Монструм“, продолжи денеска.

Sudenje protesti monstrum 03 (Custom)

На предлог на Јавното обвинителството, денеска сведочеа двајца полициски службеници кои тој ден ги обезбедуваа протестите.

Sudenje protesti monstrum 04 (Custom)

Еден од сведоците истакна дека препознава едно лице од осумте обвинети кое се издвоило од толпата и почнало да фрла со камења и други предмети кон полицијата, но тоа се случувало на улицата Цветан Димов, подалеку од судовите, додека другиот сведок изјави дека препознал на телевизиска камера едно од осомничените лица кое учествувало во нередите.

Sudenje protesti monstrum 01 (Custom)

Одбраната на обвинетите реагираше за притворот на осомничените и побара да не им се суди за време на бајрамските празници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top