| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе испрати експерти за учество во истрагата на Боингот во Украина

Air Malaysian Passenger Jet Crashes in Eastern Ukraine

Русија е подготвена да испрати свои експерти за учество во истрагата на уривањето на малезискиот авион „Боинг“ во Украина, и на секаков начин да сорабтоува за организирање и спроведување непристрасна меѓународна истрага, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин на седницата на СБ на ОН.

– На руските воени и цивилни институции веќе им се дадени неопходните упатства. Подготвени сме да испратиме соодветни експерти, рече тој.

Според него, Русија настојува да биде гарантирана „апсолутно непристрасна, независна и отворена меѓународна истрага на уривањето на авионот“.

Според него, неопходно е на местото на падот на авионот да работи група експерти под покровителство на Меѓународната организција за цивилна авијација (ИКАО).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top