
Властите во Грција соопштија дека откриле ДНК на коњско месо во примероци од замрзнато говедско месо увезено од Романија, објави „Катимерини“.
Сложбата за контрола на храната (ЕФЕТ) наведе дека е изедено повеќе од еден тон од спорното месо.
Тоа се први резултати од ДНК тестовите за коњско месо со користење на новиот метод за проверка „Риал тајм ПРЦ“ (Real Time PRC).
ЕФЕТ најави дека ќе продолжи со контролите на месото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


