Австриските власти соопштил дека коњско месо било откриено во ќебапи, колбаси и тортелини со месо, кои биле продавани како во нив да има говедско месо.
Австриската агенција за безбедност на храната навела дека траги од коњско месо се откриени во ќебапи на фирмата “Лила Гастроном“, со етикета дека месото е говедско или телешко, кои се продавале во Виена.
Во јужната покраина Корушко, коњското месо беше откриено во два вида на колбаси кои ги произведува компанијата “Јозеф Фрајтаг“.
Коњското месо во производите означени како да се од говедско месо било откриено во изминатите неколку денови во земјите ширум Европа, а скандалот се проширил и до Хонг Конг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви