Ракометарката на Вардар, Србинката Јованка Радичевиќ веќе извесен период е во врска со ексголманот на ФК Вардар, Дино Захов. И покрај тоа што релативно кратко време се заедно, тие се неразделни, а она што ги споило е токму спортот, пишува „Вечер“.
– Се запознавме на физикална терапија. И двајцата бевме повредени, јас на рамото, а Јованка имаше ситна повреда на ногата и така почна сѐ. И двајцата во тоа време ги браневме боите на Вардар, па имавме исти доктори. Се почна со разговор околу спортот и повредите, а понатаму сето тоа се претвори во една убава врска, која еве трае веќе пет месеци – вели голманот.
Дино вели дека отсекогаш бил слаб на спортистки.
– Тоа што го замислував и барав во една девојка можам да кажам дека го најдов. Среќен сум со Јованка и ми одговара што и таа е спортистка – вели тој.
Летниот одмор двојката веќе го искористила. Биле во Грција и во Будва, а за десетина дена повторно стартуваат со спортските обврски во матичните клубови. Дека на Јованка и е пишано да биде македонска снаа потврдува и Дино.
– Нашата врска се уште е свежа и немаме некои големи планови, но јас навивам за тоа да биде македонска снаа. Ќе видиме што ќе се случи – додаде Захов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.