Пратеничката од СДСМ, Солза Грчева, една од трите пратенички од опозицијата кои го прифатија пратеничкиот мандат денеска влезе во салата каде се оддржуваше седницата на Комисијата за европски прашања. Таа го потврди своето присуство и остана на расправата на комисијата на која е член.

Иако се најавуваше исклучување од партијата поради непослушност, тоа не се случи. Грчева и Љубица Буралиева се двете пратенички кои не ја испочитуваа партиската одлука за неприфаќање на мандатите. Но колку што ќе трае одморот на раководството на СДСМ, уште толку ќе трае и партискиот стаж наГрчева и Буралиева. За да бидат исклучени, Буралиева и Грчева ќе мора да чекаат седница на Централниот одбор на партијата, кој од средината на јуни е на летен распуст.
Покрај Буралиев и Грчева, на конец виси и партиската книшка на Мирослав Шиповиќ. Порптапролот на СДСМ пред неколку дена не ја исклучи можноста и тој да добие забрана за влез на Бихаќка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)
-
Грчева: Новиот министер за здравство е син и внук на најголемите шверцери кои препакуваа лекови со поминат рок
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието


