| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: Новиот министер за здравство е син и внук на најголемите шверцери кои препакуваа лекови со поминат рок

Синот и внук на најголемите шверцери во историјата на нашето здравство избраа за министер за здравство, обвинува Солза Грчева, поранешна пратеничка на СДСМ.

– Ова станува од страшно, пострашно. За Министер за здравство, поради кој здравството беше обезглавено цели 4 месеци, избран синот и внук на најголемите шверцери во историјата на нашето здравство. Луѓе кои препакуваа лекови со поминат рок, луѓе кои беа фатени со полна торба пари кои ги изнесувале преку граница. А Алијансата ќе седела во Влада се до изгласување на Законот за јазици. Сето собрано е слика и прилика на една корумпирана, слаба и немоќна држава. Тоа мора да се промени, порачува Грчева преку својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top