| четврток, 6 декември 2018 |

Во војска или на фудбалски терен? Салах остана во Челси, армијата на Египет ќе почека

Египетскиот репрезентативец Мо Салах се соочи со незгоден проблем, што за негова среќа го разреши Премиерот Ибрахим Махлаб, па 22-годишниот напаѓач на Челси сепак ќе игра фудбал наместо да оди во војска.

Салах требаше да биде дел од египетската армија, но дури по интервенција на Махлаб доби дозвола да игра за Челси и да остане во Премиерлигата.

салах

Салах во јануари годинава од Базел за 11 милиони фунти замина на „Стемфорд Бриџ“ во редовите на Челси, а доби дозвола да продолжи да игра фудбал, бидејќи како што велат во Египет тоа е од национален интерес за земјата.

салаха

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top