Кире Лазаров со 17 погодоци е на врвот на листата на стрелци на СП во Шпанија. По два одиграни меча во трите натпреварувачки дена статистиката вели дека нашиот репрезентативец има упатено 21 удар што му носи процент на реализација од 81%. 8 погодоци Кире ги постигна од 7 метри од каде промаши само еднаш.
Зад Лазаров на листата со по 13 постигнати погодоци се Егерт (Данска), Сигурдсон (Исланд) и Банур (Тунис). Нашиот најмлад играч Дејан Манасков кој со 12 погодоци е на 5-тото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.