| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен поранешниот аркановец Горан Поповиќ во Боливија (видео)

goran2

Горан Поповиќ (39), кој бил член на гардата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, бил застрелан од непознат напаѓач додека седел во интернет-кафе во Боливија. Србинот роден во Хрватска, беше убиен завчера во Санта Круз во Боливија додека седел во интернет-кафе. Засега непознат вооружен напаѓач го убил поранешниот член на “Црвените беретки”, кој е осомничен дека соработувал со Дарко Шариќ. Му истрелал три куршуми во главата и во телото, а потоа побегнал.

– Напаѓачот најверојатно имал соучесници кои го чекале на моторот, а потоа заедно побегнале од местото на настанот, изјавил за локалните медиуми сведок на убиството во кафе-барот, кој веднаш бил затворен по пукањето.
Ликвидацијата, според неофицијални информации, била снимена на видеокамера.

Како што откриваат изворите од истрагата, убиениот Поповиќ со себе носел лажна исправа на име Дејвид Етеровиќ Мелгар, но неговиот идентитет подоцна бил откриен врз основа на отпечатоци од прсти. Полицијата се сомнева дека убиството било продолжение на пресметката меѓу наркокартелите со членовите на балканската мафија.

Според судот, убиството на Поповиќ најверојатно е поврзано со неодамнешното убиство на Горан Фредерик Ставриќ во Лима.

– Не ја исклучивме можноста дека убиствата на членови на балканската мафија се поврзани со неодамнешната заплена на три тони кокаин во Чиле. Кокаин вреден 60.000.000 долари дојде од Боливија и осум лица се уапсени во операцијата што беше планирана за четири месеци, изјавиле од полицијата.

goran

Според неофицијални информации, некогаш бил член на “Црвените беретки” и доброволната гарда на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во последните години бил осомничен дека работи со дрога за Дарко Шариќ.
– Од Србија избега во 2004 година. Тогаш тој и неговиот брат Зоран Поповиќ успеаја да избегаат од затворот во Сремска Митровица, каде што тој служеше казна за киднапирање на бизнисмен во Подгорица. За некое време, како осомничени, се криеја во Хрватска, а потоа побегнаа во Јужна Америка, каде што живееја под лажен идентитет, вели соговорникот за Курир.рс.

Според него, последниот пат името Поповиќ се појавило во јавноста по запленувањето на 170 килограми кокаин 2011 година.

goran1

– За него хрватскиот Интерпол издаде налог за трговија со дрога, а има информации дека се движи низ Латинска Америка и успева да ги надмине границите на Боливија, Перу, Еквадор, Бразил и Аргентина, како и дека има добри контакти со газдите на дрога и членовите на криминални групи од Балканот, објаснува изворот.
Ставриќ го убиле Колумбијци?

Убиството на српскиот државјанин Горан Фредерик Ставриќ (41) на 6 јули пред ресторанот “Мекдоналдс” во предградието на Лима, Перу, ги подгрева сомневањата дека почнала пресметката меѓу колумбиските шефови со членовите на балканската мафија.

Според прелиминарните резултати од истрагата, убиството било нарачано од страна на колумбиската мафија бидејќи Ставриќ го обвинувале за освојување на дел од пратката со кокаин која неодамна се случила. Според локалните медиуми, колумбиските шефови никогаш не простуваат грешки, а потчинетите ги казнуваат само со смрт.

Во времето на убиството Ставриќ бил во друштво на хрватскиот државјанин Игор Миколома, по кого полицијата издала потерница и се трагало. Овој сведок на криминалното убиство и близок пријател на убиениот неколку дена подоцна и се предал на полицијата во Боливија, бидејќи, како што рекол, “сакал да биде екстрадиран во Загреб, каде што нема да го убие мафијата”.

Боливиската полиција ги известила тамошните медиуми дека се трага по членовите на семејството на покојниот српски криминалец. Како што е наведено, неговото тело се уште е во мртовечница, бидејќи ниту еден од најблиските не дошол да го преземе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top