| четврток, 6 декември 2018 |

Новата елитна скопска населба е подготвена (ФОТО)

Заврши изградбата на луксузниот комплекс „Верина“, кој се наоѓа кај Орман и Волково, во близина на скопската обиколница и се простира на околу 30.000 метри квадратни. Во склоп на седумте објекти, комплексот има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни.

Станарите ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. Сите објекти се опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.

Фото: Билд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top