Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите пришто задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош.
Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби.
Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости” од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.