| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот за пат Билјанини извори-Пештани во завршна фаза

Изработката на проектот за изградба на пат од Билјанини извори до селото Пештани е во завршна фаза,информираат од Агенцијата за државни патишта, објави „Охрид прес“

Според директорот на Агенцијата Љупчо Георгиевски, се работи за пат во должина од 13 до петнаесет километри, траса која ќе биде нова и нема да биде поставена врз постоечкиот пат.

– Реализацијата очекуваме да почне некаде 2015/2016 година.Во овој момент се изработува проектот, потоа следува ревизија. Работиме и на експропријацијата, односно обесштетување на граѓаните, кои имаат имот на таа траса, и веднаш потоа почнуваме со градба, вели Георгиевски.

Според Георгиевски, се предвидени и неколку клучки, што ќе ги поврзуваат населените места во овој дел од охридското крајбрежје.

Откако ќе се изгради патот од Билјанини Извори до Пештани, ќе се работи и на проектот  за изградба на трасата од Пештани до Свети Наум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top