Секоја година во Република Македонија во сообраќајни несреќи животот го губат во просек по околу 157 лица, а најчесто учесници во сообраќајните несреќи се лица на возраст од 21 до 24 години, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Од таму додаваат дека една од најголемите причина за сообраќајните незгоди е возењето под дејство на алкохол. Сообраќајни контроли во изминатиот шестмесечен период констатирале дека во просек неделно над 200 возачи управуваат возило под дејство на алкохол.
Споре податоците на МВР од 2006 до 2013 година процентот на загинати лица во сообраќајни несреќи на популација од 100 илјади жители изнесува 7,8 отсто.
Токму поради ваквата статистика, МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата најави дека ќе продолжи со низата превентивни активности пред се кај маладата популација во насока на зголемување на степенот на сообраќајна едукација и култура кај учесниците во сообраќајот и генерално за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Ваквата мерка ја потврди и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, којашто во саботата во вечерните часови на фреквентната скопска сообраќајница „Орце Николов“ заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на помладите учесници во сообраќајот им делеше флаери со едукативна содржина – “алкохол и волан најлоша комбинација“, а во рамки на акцијата „Летна кампања 2014 година“, која се реализира во текот на овој и идниот месец.
Имено според статистичките согледувања и анализи најголемиот број тешки сообраќајни несреќи се случуваат во населените места во текот на овие два летни месеци, и во деновите петок и сабота кога младите се најактивни.
Во текот на 2013 година се случила вкупно 4.236 сообраќајни незгоди со потешки последици, а во 144 случаи возилото го управувале лица под дејство на алкохол.
За првите шест месеци од оваа година се случиле 1.753 сообраќајни незгоди со фатални последици во кои загинале 64 лица, а преку 403 лица се здобиле со тешки телесни повреди додека пак 2.028 лица се здобиле со телесни повреди.
Во рамки на МВР дефинирани се низа пред се превентивни активности особено за контрола на загрозувачкит прекршоци во сообраќајот на патиштата, кои ги прават младите возачи, и истите секојдневно ќе се спроведуваат на контролни места односно делници каде најчесто се прават прекршоците.
Исто така се организиираат и спроведуваат засилени акциски контроли, најмалку една во текот на неделата, при што во план е да се поделат повеќе од 50 илјади флаери за подигнување на свеста кај младите возачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?