Трансферот на најдобриот колумбиски играч на последното светско првенство и најдобар стрелец со шест погодоци Џејмс Родригез во Реал Мадрид е се поблиску.
Тој беше на заслужен одмор во родната земја, но синоќа е виден на аеродромот во Меделин како се качува во авион на лет за Мадрид.
Ова е документирано од еден млад патник на истиот лет со неговиот мобилен телефон.
Младото момче на неговиот твитер профил ја објави сликата и напиша:
– Штотуку го видов Џејмс Родригез како се чекира на летот за Мадрид. На истиот лет сме – потврди момчето.
Како пишуваат светските медиуми Монак за ослободување на услугите на Родригез бара околу 85 милиони евра, но Реал до сега има понудено околу 70 и некој играч од своите редови. Сепак се очекува во текот на следната недела двата клуба да најдат заеднички јазик и овој трансфер да биде официјализиран.
Монако се наоѓа на подготовки токму во Колумбија и очекуаат фубдалерот да се приклучи на своите соиграчи веќе во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)