| четврток, 6 декември 2018 |

Негирањето на геноцидот во Сребреница – кривично дело во БиХ

Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина усвои измени на Кривичниот законик со кои негирањето на геноцидот во Сребреница и на сите воени злосторства потврдени со судски одлуки, добива третман на кривично дело за што се предвидува затворска казна во траење до три години.

Како што јави Хина, измените, предложени од пратеникот Јасмин Дувњак од Партијата за демократска акција (СДА), биле прифатени од двата дома на Парламентот, Домот на народите и Претставничкиот дом.

Измените ќе стапат во сила осум дена по нивното објавување во Службениот весник на муслиманско-хрватската Федерација.

Сепак, засега не е познато дали овие казнени одредби ќе важат и за жителите на српскиот ентитет на БиХ, Република Српска, или ќе бидат ограничени само на граѓаните од Федерацијата БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top