Горан Поповиќ, поранешен член на Црвените беретки и на тигрите на Аркан, државјанин на Хрватска и Србија, за кого таа беше издадена потерница од Интерпол за трговија со кокаин, е убиен во интернет кафе со три куршуми во главата и телото во градот Санта Круз, пишуват српските и хрватските медиуми.
Во Латинска Америка се продолжува со операциите за елиминација на балканските криминалци. После убиството на Горан Ставриќ и предавањето на Игор Микол во Перу стигна вест дека е убиен и Горан Поповиќ.
Тој е трета жртва на мафијашка ликвидација за само една недела , а овие меѓусебни пресметки можеби се поврзани со неодамнешната заплена на три тони кокаин во Чиле. Кокаинот вреден 60 милиони долари пристигнл од Боливија, а 8 луѓе беа уапсени во операцијата која била планирана 4 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка