| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на Википедија: Кој го урнал малезискиот авион?

Војната меѓу Русија и Украина се префрли и на Интернет. Руската влада наводно отстранила цел пасус од написот на онлајн енциклопедијата Википедија, во кој се тврди дека малезискиот авион МХ17 бил урнат со ракети со кои Русија ги снабдила „терористите“.

Armed pro-Russian separatist stands at a site of a Malaysia Airlines Boeing 777 plane crash in the settlement of Grabovo in the Donetsk region

Твитер бот, кој ги следи измените што ги прави руската влада на Википедија, ги забележал измените на страницата поврзани со малезискиот патнички авион МХ17, кои биле направени од ИП адреса на руската влада.

Некој ја изменил реченицата во која се наведува кој го соборил малезискиот патнички авион, па сега пишува дека „авионот МХ17 го урнале украинските војници“.

wiki

Ова било напишано наместо информацијата дека авионот го срушиле „терористите на самопрогласената Доњецка Република, со ракетен систем БУК кој го добиле од Русија“.

Твитер ботот ги забележува сите измени на страниците на Википедија, заедно со ИП адресите на тој што ги прави измените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top