Војната меѓу Русија и Украина се префрли и на Интернет. Руската влада наводно отстранила цел пасус од написот на онлајн енциклопедијата Википедија, во кој се тврди дека малезискиот авион МХ17 бил урнат со ракети со кои Русија ги снабдила „терористите“.
Твитер бот, кој ги следи измените што ги прави руската влада на Википедија, ги забележал измените на страницата поврзани со малезискиот патнички авион МХ17, кои биле направени од ИП адреса на руската влада.
Некој ја изменил реченицата во која се наведува кој го соборил малезискиот патнички авион, па сега пишува дека „авионот МХ17 го урнале украинските војници“.
Ова било напишано наместо информацијата дека авионот го срушиле „терористите на самопрогласената Доњецка Република, со ракетен систем БУК кој го добиле од Русија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Македонската Википедија 62-ра во светот по бројот на статии
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година




