| четврток, 6 декември 2018 |

Десет прашања на кои Русија сака Украина да одговори во врска со падот на малезискиот авион

anatolij

Обвинувањата дека Русија е вмешана во падот на малезискиот авион, од страна на некои западни држави заедно со Киев е без никакви докази.

Ова го тврди рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов за Раша Тудеј.

-Тие се обидуваат да му покажат на целиот свет дека ние сме одговорни за несреќата. Многу е чудно што без никакви докази моите колеги од западните медиуми би сакале да најдат некого што е одговорен за несреќата. Ми се чини дека ова е дел од информациската војна што е покрената против Руската Федерација и нејзините вооружени сили, додал тој.

Тој ја повикал Украина да одговори на 10 прашања за да докаже дека сака да се спроведе непристрасна истрага.

-Што се однесува до мене, јас не сакам да ја искористам оваа можност за да обвинувам некого. Јас само сакам да им поставам неколку прашања на моите колеги од вооружените сили на Украина. Се надевам дека тие ќе се обидат да одговорат на прашањата, тоа ќе биде добра можност да сфатиме каде сме, без разлика дали постои можност да ја обновиме соработката и да откриеме кој е навистина одговорен за трагедијата, посочил Антонов.

Тој смета дека одговорите на овие прашања може да помогнат да се најде можност да се спречат ваквите трагедии во иднина.

Ова се 10-те прашања за украинските власти:

  • 1. Веднаш по трагедијата, украинските власти, нормално, ги обвинија силите за самоодбрана. На што се засновани овие обвинувања?
  • 2. Дали може Киев детално да објасни како ги користи противавионските системи Бук во зоната на конфликтот? И зошто воопшто овие системи се распоредени таму, ако се знае дека силите за самоодбрана немаат никакви авиони?
  • 3. Зошто украинските власти не прават ништо за да се формира меѓународна комисија? Кога таа комисија ќе ја почне својата работа?
  • 4. Дали украинските вооружени сили ќе бидат спремни да им го покажат на меѓународните истражувачи својот арсенал од ракети воздух-воздух и земја-воздух, вклучувајќи ги и оние што се користат во системите САМ?
  • 5. Дали меѓународната комисија ќе има пристап до податоците од сигурни извори во врска со движењата на украинските воени авиони на денот на трагедијата?
  • 6. Зошто украинските контролори на воздушниот сообраќај му дозволиле на авионот да отстапи од редовната маршрута на север, кон „зоната на антитерористичката операција“?
  • 7. Зошто воздушниот простор над воената зона не бил затворен за цивилни летови, особено со оглед дека областа не е целосно покриена со радарски системи за навигација?
  • 8. Што може да каже официјален Киев за информациите од социјалните мрежи, наводно од шпански контролор на летање што работи во Украина, дека заедно со боингот 777 над украинската територија летале два украински воени авиони?
  • 9. Зошто украинската служба за безбедност без да ги чека меѓународните иследници почнала да работи со снимките на комуникациите меѓу украинските контролори на воздушниот сообраќај и екипажот на боингот и со системите за складирање податоци од украинските радари?
  • 10. Која лекција ја научи Украина од сличниот инцидент во 2001 година, кога еден руски Ту-154 се урна во Црно Море? Тогаш украинските власти негираа каква било инволвираност на дел од вооружените сили на Украина, сè додека непобитните докази не покажаа дека е виновен официјален Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top