| четврток, 6 декември 2018 |

Обама разговараше со Меркел и со Камерон – дополнителни санкции за Русија?!

obama_merkel

Претседателот на САД Барак Обама разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и со британскиот премиер Дејвид Камерон за евентуална потреба против Русија да се воведат дополнителни санкции доколку не преземе чекори со цел смирување на ситуацијата во Украина, соопшти Белата куќа.

– Иако се согласија да ги продолжат напорите во пронаоѓање дипломатско решение за моменталната ситуација, тие ја повторија одлучноста да останат во близок контакт заради одлучување за наредните неопходни чекори, наведе Белата куќа во извештајот на телефонскиот разговор на Обама со Меркел.

Што се однесува до разговорот со Камерон, Белата куќа соопшти дека двајцата државници ја истакнале потребата да преземат натамошни чекори доколку Русија не преземе мерки за смирување на судирите во Украина, соопшти Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top