| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедистот Мартин Де Јонг двапати се спасува од малеезиските летови

Maarten-de-Jonge--833x557-175-60

Не е само спортска, ова е животна среќа за холандскиот велосипедист Мартин Де Јонг кој е член на малезискиот велосипедски клуб TGS.

Кобниот лет за Куала Лумпур со малезискиот авион кој беше срушен во Украина бил пикиран и од велосипедистот Де Јонг кој во последен момент нашол поевтин билет и само поради тоа го сменил летот МХ17 со друг лет за Куала Лумпур.

Холанѓанецот по втор пат избегнува авионска несреќа, медиумите пренесуваат дека планирал да лета и со боингот на Малесиа ерлајнс кој исчезна над Индискиот океан, но тогаш го откажал планираното патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top