| четврток, 6 декември 2018 |

Нова инвестиција во септември- германска компанија влегува во прилепскиот регион?!

Invest in macedonia-

Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески за Лидер најавува дека во септември реномирана германска компанија од автомобилската индустрија ќе објави конечна одлука за инвестирање во земјава.

-Јас настојувам таа инвестиција да биде во град кој до сега не видел таква инвестиција со цел да се искористи структурата на невработеност во тој град и да не се пренатрупаат вакви инвестиции во скопскиот регион а и да се развијат другите региони во земјава, објаснува министерот Павлески за Лидер.

Неофицијално, се преговара инвестицијата да биде во прилепскиот регион каде нема фабрики од автомобислкиот сектор.

-Би сакале самата компанија да ја објави одлуката, она што е важно е дека станува збор за компанија добавувач на една од големите автомобилските компании а целта е да имаат образован кадар кој може да соработува со локалните универзитети и затоа сметаме дека потенцијалниот град ги исполнува овие услови, а поради структурата на невработеност таму, ваквата инвестиција е добредојдена, додава Павлески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top