| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја: Падна хеликоптер со пожарникари, пет жртви (видео)

Screenshot_416-685x314

Пет пожарникари загинаа, а една средношколка се здоби со полесни повреди, вчера откако противпожарен хеликоптер се урна во центарот на јужнокорејскиот град Гвангју, пренесуваат медиумите.

Хеликоптерот се враќал во својата база во Гангнеунг, по мисијата за потрага по 11-те патници кои исчезнаа во катастрофалната несреќа на траектот на 16-ти април. Според изјави на сведоци леталото се запалило во воздух, а потоа се урнало кон тлото.

-Црн чад се кренаа на небото, пропратен со експлозија. Мислев дека се молњи – рече еден од сведоците.

Властите соопштија дека работат на откривање на причината за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top