| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол ќе ги идентификува загинатите од малезискиот авион

Интерпол синоќа соопшти дека во следните 48 часа ќе испрати тим за помош во идентификувањето на жртвите при уривањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина.
nesrekaaaa-500

– Меѓународната соработка е од суштинско значење за обезбедување на точно, достоинствено и брзо пронаоѓање и идентификување, наведува во соопштението генералниот секретар на Интерпол Роналд Нобл.

Нобл нагласи дека разговарал со украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, уверувајќи го во континуираната помош на Интерпол, се додека тоа е потребно.

Експерти на единицата на Интерпол за идентификување катастрофи и исчезнати лица ќе бидат испратени на местото на несреќата во Источна Украина на 60 километри од границата со Русија.Интерпол синоќа соопшти дека во следните 48 часа ќе испрати тим за помош во идентификувањето на жртвите при уривањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина.

– Меѓународната соработка е од суштинско значење за обезбедување на точно, достоинствено и брзо пронаоѓање и идентификување, наведува во соопштението генералниот секретар на Интерпол Роналд Нобл.

Нобл нагласи дека разговарал со украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, уверувајќи го во континуираната помош на Интерпол, се додека тоа е потребно.

Експерти на единицата на Интерпол за идентификување катастрофи и исчезнати лица ќе бидат испратени на местото на несреќата во Источна Украина на 60 километри од границата со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top