Христијаните масовно бегаат од Мосул по ултиматумот поставен денеска од сунитските џихадисти, кои го контролираат најголемиот град во Северен Ирак.
Екстремистичката група „Исламска држава“ им дала на христијаните неколку часа за да го напуштат Мосул, на околу 350 километри северно од престолнината Багдад, соопшти патријархот на Халдејската црква во Ирак Луис Сако.
Христијанските семејства се насочиле кон курдските автономни провинции Дахук и Ербил.
Халдејскиот патријарх изразил жалење дека „по првпат во историјата на Ирак Мосул е напуштен од своите христијани“.
Пред почетокот на меѓународната операција за соборување на режимот на Садам Хусеин, предводена од САД во Ирак пред една деценија, христијанското население во Мосул броеше 100.000 лица. Според жител на градот, пред преземањето на градот минатиот месец од „Исламска држава“, во градот останале само 5.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.