| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен притворот на осомничениот за убиството на Ангел

sud

Продолжен му е притворот за нови 30 дена на Насер Е. (19), осомничен за убиството на Ангел Петковски кое се случи во Ѓорче Петров, пишува Телграф.мк.

Два месеца по убиството од Јавното обвинителство велат дека истрагата сè уште е активна, но во моментов не соопштуваат повеќе детали.

Од Кривичниот суд потврдиле дека притворот му е продолжен за еден месец, сметано од денеска 18 јули до 17 август.

Јавното обвинителство информирало дека се води активна истрага во предметот за убиството во Ѓорче Петров. Во интерес на истрагата оттаму велат дека не се можност во моментов да споделат детали за преземените активности.

Убиството започна со обид за кражба на велосипед од страна на осомничениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top