| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ бил во паднатиот авион

Во трагичната несреќа со падот на соборениот авион „МХ17“, кој бил погоден вчера околу 17 часот, настрадаа 298 луѓе. Денес нивните идентитети и трагичните судбини почнуваат да се откриваат.

Глен Томас, само што го прослави роденденот, а се нашол во трагичната несреќа. Бил координатор во односите за јавност во ООН и поранешен новинар на „Би-Би-Си“. Томас требало да стигне во Мелбурн, но никогаш не стигнал… Немал ни деца ни жена, но зад себе остави сестра-близначка.

Родителите останаа им загинаа трите деца.

Агент за недвижности од Австралија и неговата жена консултант за менаџмент, како и една калуѓерка од Сиднеј загинаа во несреќата.

Ник Норис од Перт, патувал со внуците Мум, Иви и Отис, 12, 10 и 8 години. Сите загинаа. Родителите на децата не биле во авионот, останале уште малку во Амстердам, а децата брзале да стигнат дома поради школото.

Малезиската студентка Тео Илејн загина во авионот на пат за Мелбурн.

Роџер Гард, патолог во пензија, настрада со жената Џил.

Брачната двојка Френки и Лиам Дејвидсон, исто така, загина.

Најмалку сто луѓе во летот биле на пат за да одат на конференција за искоренување на сидата.

Претседателот на Интернационалното друштво за борба против сида, Џоеп Ланг, водечки научник загина во авионот. Зад себе остави пет деца.

Докторката Сима Јасмин објави на „Твитер“: „Дознав дека некој кого го познавам пола живот бил во авионот МХ17. Како да мериш колку некој го промени човештвото. Луѓето како Џоеп го менуваат исходот на епидемијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top